Стојков за Алфа: Во Бугарија има многу повеќе Македонци од оние што успеаја да се попишат 

Нереално е во Бугарија да живеат само 1.143 Македонци колку што покажа последниот попис. Немаа слобода да се изјаснуваат, немаше табела за македонска националност, а информациите говорат дека попишувачите одбивале или тврделе дека нема како да ги попишат тие што се чуствуваат Македонци – коментира за Алфа претседателот на ОМО Илинден, Стојко Стојков. Без да го заборавиме стравот поради силната антимакедонска атмосфера во Бугарија, потенцира Стојков, властите не успеаа во своите намери да покажат дека Македонци не живеат тука. Тој е дециден дека оваа бројка од 1.143 Македонци се само оние кои се попишале онлајн.

  • Пописот беше во време на Ковид и тоа беше искористено луѓето да не ги посетуваат дома и да не ги прашуваат како што е нормално, туку им земаа на телефон лични податоци и потоа попушувачите сами си ги пополнуваа картоните со тие податоци. Во таква ситуација очигледно немале можност да се изјаснат како што сакаат.  Имаше ретки случаи каде што луѓето беа посетувани, ние имаме информации за време на популнувањето не ги ни прашувале како што се изјаснуваат. Луѓето сами требале да го подигнуваат прашањето за јазикот и националноста, и тогаш ги прашувале ама нели сте Бугари, ама нема Македонци не знаеме каде да ве ставиме.. Но и да некои наши луѓе се попишале, нема начин како да се провери бидејќи има можност попишувачот дома да ги промени податоците. Овие 1143 Макецонци сигурно се попишале онлајн. Другиот дел исплашени, огромниот дел воопшто не биле прашувани“ – вели Стојков. 

Стојков вели дека во Бугарија има десетици илјади кои се чуствуваат како Македонци, но така би се изјасниле кога би имале поголема слобода и би немале страв што веќе 60 години е насадуван кај нив. Ова бројка е смешна, вели Стојков, бидејќи само ако ги преброиме нашите членови и луѓето кои доаѓаат на организираните собири ќе се покаже дека Македонци има многу повеќе. Но, и покрај се, властите не успеа во своите намери да покажат дека во Бугарија не живеат Македонци.

  • Тоа е апсурдната ситуација во Бугарија, а тоа се пописи на кои биле прашувани, и нема попис каде што нема илјадници Македонци. Но властите си го тврдат тоа. Тие сакаа дури и некои европратеници најавуваа дека нема да има Македонци, но и после одложување и година и два месеци обработување на податоците од пописот, што е на помалку население од претходниот, но на крајот останаа 1140.  Властите не успеа во тоа што сакаа да потврдат дека Македонци нема. И покрај пописот, тие продолжуваат да тврдат дека нема, значи ние немаме слобода на изразување“ вели Стојков.

Според официјалните податоци, 1.143 кои се изјасниле како Македонци беа вброени во табелата на друга етничка припадност. Илијана Јотова кога дојде на гости на отворање бугарскиот клуб во Битола тврдеше дека во Бугарија нема Македонци. Инаку според пописот Бугарија има речиси 6 милиони и 520 илјади жители или над 800 илјади помалку од пред 10 години.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста