Стојанче Ангелов ќе ја напушта владината коалиција: СДСМ по налог на ДУИ го блокира законот за помош на македонските бранители

СДСМ по налог на ДУИ го блокираа законот за помош на македонските бранители од 2001-ва година. Иако и премиерот, министрите за внатрешни работи и одбрана, како и кооординаторот на пратеничката група на СДСМ покажале волја да помогнат на семејствата на трагично загинатите од воениот конфликт од пред 22 години, сепак коалцијата со Ахмети ја блокирала оваа помош, обвинува Стојанче Ангелов, првиот човек на Достоинство и коалиционен партнер на Ковачевски. Сега Ангелов се надева дека со владина одлука ќе се исправи грешката, во спротивно ќе ја напушти коалицијата на ДУИ и СДСМ.

-Повеќе од јасно е дека проблемот со неносење на законот, а и владината одлука се пречките кои што ги прави коалициониот парнтер на СДСМ, ДУИ. Како што реков во разговори со премиерот, кај премиерот Ковачевски постои добра волја, ова прашање да биде надминато, кај министрите за внатрешни работи и одбрана исто така постои добра волја за надминување на овој проблем, но според мене кочницата е во ДУИ, изјави Ангелов.

Ангелов уверува дека сепак помошта за бранителите ќе биде изгласана во Собранието, по промената на власта и доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ.

-Имаме цврсто убедување дека ВМРО-ДПМНЕ, кои што веќе самите го поднесоа овој закон, истиот ќе го иницираат повторно во Собранието и верувам дека ќе обезбедат мнозинство да помине, изјави Ангелов.

Ангелов најави, а Павле Трајанов веќе го напушти владејачкото мнозинство. Причината беа политиките на власта кон Бугарија, а првиот човек на Демократскиот Сојуз сега обвинува и за обидите на Ковачевски да ги протурка со европско знаменце законите за Коридорите 8 и 10Д.

-Овие закони повеќе се за амнестија на Владата и на потписниците на договорот со Бехтел и Енка, отколку создавање услови за некаква побрза градба и создавање услови за некаква побрза градба. По два основа се кршат принципите на Европската Унија, прво заради нетранспарентниот процес и тука има силни укажување, бидејќи така се води постапката со директна спогодба, изјави Трајанов.

Законот за помош на бранителите најмалку шест месеци нема да може да се врати во собраниска процедура, бидејќи така предвидува деловниот на Собранието, бидејќи СДСМ и ДУИ гласаа против негов влез на пленарна седница.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста