Стопанството ја направи „сол“ власта, се бара одговорност за катастрофалното справување со енертетската криза

На бизнис заедницата и пукна филмот од несесериознот однос на власта. Првиот човек на Стопнската комора бара одговорност од регулаторот за катастофалното справување со енергетската криза. Бранко Азески предупредува дека државата ги оставила на цедило големите компании да се снаоѓаат како знаат и умеат и да плаќаат енормно високи цени за струја.

На бизнис заедницата и прекипе. Откако власта со месеци беше глува на нивните аларми дека се оставени сам и да се справуваавт со енергетската криза во драматичен тон алармираат дека вака повеќе не може. Првиот човек на стопнската комора бара одговорност од регулаторот за катастофалното справување со енергетската криза. Азески предупредува дека власта ги оставуила на цедило големите компании да се снаоѓаат како знаат и умеат и да плаќаат енормно високи цени за струја.

  • Си формираа фирми за 5.000 евра, склучија договори, па преку ноќ ги откажаа. Ова мора да престане. Компаниите беа изиграни, струја се влечеше од ЕНЦОЕ, па целиот цех повторно го плативме ние. Правната држава ќе профункционира некогаш и ќе тужиме, оти два пати бевме насамарени, вели Бранко Азески.

Од Комората укажуваат дека компаниите имале намален обем на работа, а во одреден период и прекин на работата поради недостиг од електрична енергија. Како резултат на тоа домашните компании се неконкурентни на другите пазари и ако се повтори ова во 2023 година ќе биде погубно за бизнисот.

Од најголемата бизниса асоцијација предупредува дека потребите на стопанството повеќе не смеат да се игнорираат. Без конкретни мерки, отказите и затворањата фирми ќе продолжќат, а ударот ќе биде уште подраматичен.

  • Се направија големи пропусти, а македонските компании претрпеа големи штети. Поради тоа сега нудиме мерки и решенија за надминување на енергетската криза за да не се доведеме во иста ситуација како лани кога чекавме државата да преземе нешто, но таа ништо не презема. Постојано ни доаѓаат компаниите и не критикуваат како не успеавме да набавиме струја. Еднаш се изгоревме, а втор пат нема да дозволиме да ни се повторат грешките од лани, рече Азески.

Стопанствениците реагираат дека енергетската криза била главната причина што компаниите биле приморани да избркаат од работа стотици работници, поради високите сметки за струја кои поскапеле и до 470%.

Бизнисменот Кoчо Анѓушев препорача што поскоро да се стават во функција магистралните гасоводи и да почне изградбата на дистрибутивните системи во градовите. Во иднина, додаде тој, државата треба во Стратегијата за енергетика да предвиди поголемо користење на хидрогенот и да предвиди изградба на капацитети за производство на хидроген кои ќе работат во периодот кога е евтина електричната енергија.

Бизнисмените критикуваат дека власта ги оставила сами големите компании кои важат за движечка сила на економијата. И покрај апелите дека треба итно да се реагира, тие биле оставени сами да се справуваат со кризата како знаат и умеат. Ако и натаму лежерно и од височина само ги посматра и наредниот период ќе биде погубен.

Александар Гечев од „ИГМ“ побара од државата „да ги тргне пипците“ од стопанството  за тоа да биде независно од Владата.

  • Се додека Владата не ја намали својата улога во стопанството и воопшто во вработувањето тоа ќе биде подложно на клиентелизам и нема да биде независно, рече Гечев.

Дека власта целосно потфрли и направи катастрофални грешки во справување со енергетската криза потврди и извештајот на државниот ревизор кој предупреди дека фирми без искуство и со основачки влог од само 5 илјади евра добиле клиценци за да прават бизнис со трговија за струја. И ревизорот предупреди дека без промнена на стратегијата, кризата може да биде уште подраматична.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста