Стопанството алармира, државата спие – стручен кадар нема ни за лек

Бизнисот се соочува со недостиг од стручен кадар. Дека состојбата е загрижувачка потвруваат и стопанствениците на кои им фалат работници. Заради тоа трпат компаниите, но и целата економија, а капак на се е пандемијата, која создаде дополнителни проблеми. Надлежните тврдат оти прават стратегија за отворање на дополнителен број на дуални паралелки во средните стручни училишта, но релано на терен нема напредок.

Стручниот кадар станува хроничен проблем за македонското стопанство. Компаниите се жалат дека немаат состојбата станува загрижувачка и бараат од државата посериозно да пристапи кон стратегијата за системот на дуално образование во средните училишта. Во комбинација со масовното иселување, бизнис заедницват старвува дека ќе остане без кадар. Стопанската комора најавува низа активности преку Советот за развој на тренинг и обуки, чија цел е да се вмрежат компаниите и слободните работници, за да се намали невработеноста и да се задоволат потребите на бизнисот.

  • Проблемите стануваат се поголеми и поголеми. Тој проблем со недостиг на кадар не е само кај нас, туку и во многу западноевропски земји. Иселувањето и флуктуацијата се дополнителни фактори кои го усложнуваат проблемот. Од тие причини потребно е да се најдат начини како кадарот кој го имаме на располагање, да се доквалификува и оспособи за работа на домашниот пазар, истакна претседателот на Советот, Виктор Влашки.

Стопанствениците предупредуваат дека треба итно да се реагира и предлагаат погвбеќе стартегии. Од доквалификација и преквалификација на постојниот кадар но и поагресивна промоција и поддршка на системот на образование кој во развиените држави дава резултати:

  • Имаме неусогласеност помеѓу потребите за кадар од страна на компаниите и нивните квалификации. Тоа е она што ние во нашите анкетни истражувања досега сме го идентификувале и врз основа на тоа сме утврдиле дека постојат дефицитарни занимања на кои интензивно ќе работиме овој период преку преквалификација и доквалификација за да можат тие успешно да се вклучат во процесот на работа и наместо своето подобро утре да го бараат во странство, тоа да им биде овозможено овде. Нашите компании врз основа на нашите анкети се задоволни од нашите работници и токму тоа е причината да веруваме дека и овде може да има добар опстанок за сите, изјави Милевска Штрбевска.

Во земјава, од една страна, има голема невработеност, а од друга, многу компании не можат да обезбедат кадар кој ги поседува потребните вештини и квалификации за вклучување во работниот процес. Сега, во делот на дуалното образование вклучени се околу 500 компании, наспроти 11-те од пред неколку години, но и покрај тоа состојбата е загрижувачка. Инаку, домашните компании имаат потреба од работници во металната, електро, ИТ, текстилната, дрвната и прехранбената индустрија.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста