Стерјоски: Бугарија дели пасоши во Албанија како бонбончиња, ќе ја условуваат Тирана да ги признае како малцинство

Бугарија врши геноцид врз македонското малцинство во Албанија, со добро разработена шема за лесно издавање бугарски пасоши за Македонците таму за полесно да заминат кон Европа коментира за Алфа, Васил Стерјоски, македонски политичар во Албанија.  Целта на Софија е Санстефанска Бугарија и тоа го укажуваме цело време вели Стерјоски, а за тоа го злоупотребува своето членство во Европската унија.

„ Со ова што се бара од страна на Бугарија да се признае бугарско малцинство фактички вршите геноцид врз македонското малцинство. Затоа што Бугарија бара малцинство во делот кај што има Македонци. И укажавме дека се работи за планот на Санстефанска Бугарија, тоа е целата суштина. Дека Бугарија е член на ЕУ и ќе го злоупотреби своето членство за да влијае и врз Албанија, за да ги асимилира Македонците“ рече Стерјоски.

Стерјоски вели дека Милен Врабевски е финансиерот кој го помогнал отварањето на бугарските клубови во Албанија, а е спонзор и за клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола и новиот во Охрид, „Цар Борис трети“. Токму Врабевски ќе биде гостин на сечењето лента на новиот бугарски клуб во Македонија.

„Тоа што се случи измеѓу тој период, мислам јуни, јули 2017 година, ни кажаа еве овие луѓе берат потписи, дека кој сака пасош, да му дадат веднаш од амбасадата. Како бонбончиња. Да луѓето, така мислат и веднаш, имајќи искуство и знаејќи за бугарската пропаганда, и се кладевме дека ова ќе го претстават како барање на Бугарите од Албанија за да се признаат како малцинство. Нешто слично како сега во Македонија“ вели Стерјоски.

Македонија вели има институции кои треба да постапат и да преземат мерки за да не се асимилира македонското население во Албанија. Денес, вели Албанија и Македонија да беа членки на Унијата немаше ни да зборуваме за бугарско малцинство.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста