Стартува кампањата за колективно купување инвертери од Организација на потрошувачи

Новата кампања која ОПМ ја започнува денеска предвидува најмалку 10 отсто пониска цена за секој клима уред и евентуално бесплатно монтирање.

За оваа цел изготвена посебна веб платформа www.kolektivnokupuvanje.mk, на која потрошувачите може да се регистрираат, а потоа и да добијат понуда за купување инвертер клима уред.

-Преку колективното купување нашата цел е да овозможиме најдобри можни услови, вклучително и на цената, највисок можен квалитет на услугата и професионална монтажа која е неопходна за ефикасно работење на клима уредот. Веруваме дека потрошувачите ќе можат да го искористат ова и на тој начин да добијат квалитетен енергетски ефикасен клима уред. Во првата фаза од кампањата што почнува денеска, 22 февруари, граѓаните може да се регистрираат, а во втората фаза која стартува од средината на април 2023, ќе добијат понуда за купување инвертер клима уред. Понудени ќе бидат само оние клима уреди кои постигнале добра или многу добра оценка на независниот компаративен тест, рече претседателката на ОПМ Маријана Лончар.

Таа потенцира и дека потрошувачите имаат можност за колективното купување инвертери да постават прашања на телефонскиот број (02) 3 170 888.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста