„Старлетата“ Пендиков на БТВ ја престави Македонија како „поле за стрелање бугари“

Во Македонија по улиците се тепале и навредувале Бугари, а институциите наводно не правеле ништо, вели избугарениот Христијан Пендиков, на една од бугарските телевизии. Тој се жали дека постојано добивал закани, многумина го обвинувале дека е предавник, му праќале слики од оружје, а некои оделе и дотаму, што му порачале дека ќе го најдат и во Бугарија.

  • „За жал, тоа е нормално во Македонија, нормално е да те тепаат, да те пцујат, се да ти прават, да те стрелаат затоа што си Бугарин, а полицијата ништо да не презема.“ – Тврди тој.

Овие драматични тврдења на Пендиков доаѓаат откако тој доби бесплатен стан, џепарлак и вип третман во Софија.

Од друга страна, во евиденцијаtaта на македонската полиција, освен тепачката со него нема заведено други инциденти поврзани со изјаснување како Бугарин, а во Комисијата за заштита од дискриминација досега се доставени 40-на претставки од македонски Бугари, голем дел од оние кои досега се разгледани, се отфрлени како неосновани.

Иако речиси секој ден вестите и емисиите на телевизиите се преплавени со ставовите на Бугарија и на македонските Бугари, Пендиков тврди дека тие немале пристап до македонските медиуми.

  • „Решив да зборувам на телевизија бидејќи сум во Бугарија. Македонските бугари во Македонија не можат и е многу тешко да зборуваат по медиумите, да даваат интервјуа, бидејќи по секое интервју се повеќе не навредуваат, се повеќе добиваме закани.“

Ова е негово прво појавување по нападот во Охрид, откако официјална Софија со државен авион, без да консултiра или да побара одобрение од ниту една македонска институција, си го зеде Пендиков на лекување во Бугарија.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста