Станува јасно зошто власта го криеше протоколот- дали се што демантираа излезе точно на крајот?!

По објавувањето на протколот стана јасно зошто власта до самиот крај и по секоја цена го криеше најконторерзниот дел од францускиот предлог. Тој го потврди она од кое што сите стравуваа, а тоа дека францускиот предлог, оној првичниот е реалниот услов на патот на Македонија кон Европската Унија. Иако содржината на истиот беше позната уште пред речиси 20 дена, кога и самиот министер за надворешни работи изјави дека ќе го презентирал, сепак подоцна власта велеше не бил готов, да сме почекале да го завршеле, па ќе го објавеле.

-Протоколот е записник од седница, седница која се уште не е одржана. Значи за да има записник една седница, треба да има седница. Меѓутоа претходно ги усогласуваме мерките кои тој записник треба да ги има за наредната година, бидејќи тоа се протоколите. Тоа се записници од средби кои што се одржуваат еднаш годишно и се предвидуваат мерки како да се имплементира договорот, изјави Османи.

Додека информации околу протколот имаа сите во јавноста, очигледно само функционерите од власта немаа, па така беше и со вицепремиерот за европски прашања Бојан Марачиќ.

-Во однос на прашавте дали Владата го разгледала, Владата ги очекува крајот на консултациите кои што се уште траат секојдневно, но на повеќе нивоа и со сите политички партии, изјави Маричиќ.

За протоколот не сакаше да зборува ниту премиерот Димитар Ковачевски, но ни најави дека ќе мораме да голтнеме кнедла, испраќајки порака дека сме морале да одлучиме сакаме кон ЕУ или не, не споменувајќи која е жртвата која мораме да ја истрпиме.

-Господинот Мишел изрази желба да дојде во Македонија. Значи не се работи дали претседателот Мишел ќе убеди некого, дали претседател на Влада ќе убеди некого, дали министер ќе убеди некого. Работата е претставниците на народот политичките партии, пратениците во Собранието да донесат одлука дали државата ќе отпочне преговори со Европската Унија или државата нема да отпочне преговори со Европската Унија, тоа е одлуката која што е пред нас, изјави Ковачевски.

По се на крајот го добивме протоколот кој низлезе клучниот дел од францускиот предлог, кој пак во Собранието беше изгласан, токму без протоколот да биде пред очите на пратениците во македонскиот Парламент.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста