„Стани Бугарин за вработување“- здружение на македонски бугари нуди работа во јавна администрација, пратеник па дури и министер

Стани Бугарин за вработување. Здружението Алијанса на македонските Бугари, преку својот сајт ви нуди да аплицирате за работно место, па дури и прашуваат-  дали можеби се гледате како министер, пратеник, советник во општина, судија, обвинител, градоначалник, или пак можеби имате желба да сте дел од јавната администрација или пак советник во самото здружение? Според она што може да се забележи на нивната официјална интернет станица, образованието не е најважно, потребно од класификации ви е да се чувствувате како Бугарин. Учеството во администрацијата е и една од целите напишани во програмта на ова здружение.

-Учество на Македонските Бугари како дел од новата Европска администрација во Македонија, е една од целите на АМБ ДНЕС.

Сепак главна стратешка цел и мисија на АМБ ДНЕС е она што е и главна цел и мисија на официјалните власти во Софија, впишување на Бугарите во Уставот на Македонија, но не само како обичен народ.

-Мисијата на Алијанса на Македонските Бугари – движење за национално единство и спас АМБ – ДНЕС Куманово е воспоставување и впишување на македонските Бугари во Уставот на Македонија како конститутивен народ, е една од мисиите на АМБ ДНЕС.

Иако во статутот пишува дека политичкото здружување во рамки на здружението е забрането, сепак првиот човек на Алијансата, Драган Цветковски, најавува формирање на политичка патија со име Европски пат. Кажа и дека една од главните цели е пратеник во Собранието од бугарската заедница, за што и поднеле барање. Цветковски сепак се жали дека се уште ништо не им било одговорено.

-Алијансата на македонски Бугари во јули 2022-ра година, поднесе молба до Собранието за назначување на времен вршител на должност пратеник од редот на бугарската заедница. Молбата беше поднесена до Комитетот за односи меѓу заедниците во Собранието за времен вршител на должност пратеник задолжен за бугарската заедница во Македонија, изјави Цветковски.

На сајтот на Алијансата на македонските Бугари пишува дека основачи на ова здружение се извесни Дејан Краљевски, Ивица Лазаревски, Миодраг Деспотовски, Далибор Ѓориќ и Драган Цветковски, кој ја има и позицијата претседател на здружението.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста