Станарите од опожарената зграда во Штип ги санираат штетите

     Станарите од зградата 5В на улицата “Широк дол“ во Штип од рано утринава ги санираат штетите од пожарот што синоќа изби во стан на вториот кат. Смејството Шалеви чии стан е точно над опожарениот, велат дека му се благодарни на Бога. Се уште под стрес , раскажуваат за ноќта која можеше да биде фатална..

 “Сакавме да ги спуштиме ролетните, за да не ни испукаат прозорците но имаше голем пламен. Јас некако успеав да излезам и да се симнам долу, каде што веднаш ме однесоа во Брза помош,се онесвестив, а мажот ми остана горе“- велиСнежана Шалева

  “Немаше светло, едвај слегнав по скалите. Чур на сите страни. Ќерките дојдоа и ме зедоа. Јас не спиев дома изјави Снежана Тодорова.

Вака изгледа станот каде што вчера околу 18.30 минути се појавија пламените јазици. Соседите неколку пати барале помош од надлежните институции сопственичката да ја сместат во соодветна институција, но никој не преземал ништо.

 “Сами гледате, ина картони, пластика.. тапа да најде, тапата ќе ја земе. Кучиња чува внаатре. Она е болна жена. Секаде се обративме, но ништо“изјави Ване Маноилов.

Ова не е прв пат во станот број 6 да избие пожар, велат жителите на зградата. Нивниот револт е голем затоа што хидрофорот пред неколку години надлежните им го заѕидале. Сега бараат негова итна санација.

Екипи на Јавното претпријатие Исар денес  го чистат опожарениот станот, со механизација ќе се чисти и околу зградата. Директорот најави дека ќе им помогнат да го санираат и хидрофорот.

  “Во координација на ППЕ и ќе помогнеме хидрофорот повторно да се стави во функција, со што при вакви ситуации ќе имаме повеќе опции за гаснење на пожар“-изјави Трајче Здравков, директор на ЈП“Исар“-Штип.

Се уште нема официјални информации од што избувнал пожарот. Првичната верзија беше дека станот е без струја, за денес соседите  да потврдат дека сепак  имало струја. Брзата интервенција на пожарникарите за влакно спречи трагедија во зградата во која живеат дваесет семејства. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста