ССМ: Со инфлација од 16%, Владата го осиромашува работникот

Сојузот на синдикати на Македонија бара зголемување на платите поради галопирачката инфлација. Тие пресметаа дека минималната потрошувачка кошничка минатиот месец достигнала фантастични 47.000 денари, а поскапувањата ја намалија вредноста на минималецот од 18.000 на реални 15.000 денари, а на просечната плата од 31 на реални 26.000 денари.

  • Трошоците за живот во јули биле 47.042 денари. Претходниот месец синдикалната минимална кошница беше 39.000, што значи дека за само 1 месец таа се зголемила за 8.000. Иинфлација од 16% ја обезвреднува вредноста на платите. На работниците им се потребни итни усогласувања на платите за амортизирање на инфлаторниот удар, но тоа кај нас тешко оди. Оосновните прехрамбени производи стануваат луксуз за многумина, велат меѓу другото синдикалните работници во интервју за Алфа.

За барањата на Синдикатот и за следните чекори кои планира да ги преземе Борис Грујоски разговараше со потпретседателот на ССМ, Иван Пешевски.

Во продолжение целиот разговор.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста