Српските медиуми предвидуваат, домашните експерти не веруваат дека македонските работници од септември масовно ќе работат во Србија?

30тина илјади занаетчии, лекари, медицински сестри и техничари од Македонија и Албанија се очекува од септември да работат во Србија без никави дополнителни документи, работни визи или други административни бариери, благодарение на иницијативата „Отворен Балкан“, пишуваат српските медиуми.

Кој сака да оди ќе треба се регистрира преку интернет алатката „Отворен балкан ИД“ –во својата матична држава и ќе добие идентификациски број. Со него ќе може непречено да пристапи до пазарите на трудот во сите три земји, а целта е постапката да биде иста во Србија, Македонија и во Албанија. Кога ќе е достапна оваа интернет алатка за сега нема точна информација.

Нашите аналитичари се скептични. Велат, оние способните, веќе се отселија, а младите допрва уште повеќе ќе заминуваат ама не во Србија или на Балканот.

„Оргомен процент од квалитетниот кадар кој го има Македонија, веќе е надвор. Поготово младите, поготово квалитетните кадри го напуштаат балканот и заминуваат во западно европски држави. Преку океанот, Америка и Канда, работните услови и целокупната состојба во општествениот живот е драстично подобра, отколку во Македонија и на балканот.“ – Вели аналитичарот Синиша Пекевски.

Прогнозите за излевање на работници создаваат уште поголема паника, бидејќи во Македонија се дефицитарни хигиеничарите, продавачите, општите работници, келнерите. Земјава има најголема потреба од работници во преработувачката индустрија, трговијата на големо и мало, во објекти за сместување и сервисни дејности со храна и во административни дејности. Најмногу работници недостигаат во Скопје, Куманово, Тетово и Охрид.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста