Српската Влада формираше Совет за спречување врсничко насилство

Владата на Србија на денешната седница формираше Совет за спречување на врсничкото насилство, чија задача меѓу другото ќе биде да обезбеди организирање мобилни тимови за спречување врсничко насилство преку протоколи меѓу центрите за социјална работа и други служби, како образовни и здравствени установи и полиција, која итно ќе реагира ако се случи таков вид насилство.

Со советот ќе раководи претседателката на Владата на србија, Ана Брнабиќ, а заменик-претседател на Советот ќе биде министерката за семејна грижа и демографија, Дарија Кисиќ, се наведува во владиното соопштение.

Членовите на Владата на Србија донесоа и одлуката за формирање работна група за безбедност на децата на интернет, која во наредниот месец ќе го разгледа воведувањето мерки за забрана за пристап до сајтови како Даркнет и слично, кои содржат совети за тоа како да се изврши убиство, да се набави дрога или огнено оружје.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста