Средба на претставниците на синдикатите на ДИЦ и Министерство за финансии

Претставниците на синдикатите на Државниот испитен центар и на Министерството за финансии денеска треба да седнат на заедничка маса и уште еднаш да се обидат да изнајдат взаемно прифатливо решение за барањата за покачување на платите на вработените во оваа институција, а со тоа да се одблокира и нејзиното работење.

Поради штрајкот под знак прашалник е ставено запазувањето на определените термини за одржување на државната матура на учениците од четврта година, а со тоа и запазување на роковите за упис на факултет, што особено проблематично пак е за оние ученици кои своето високо образование планираат да го продолжат надвор од државата. Вчера од Сојузот на средношколци упатија апел двете страни што побрзо да се договорат за штетите да бидат помали, а министерот за образование и наука дециден полагање државна матура на 27 мај мора да има. Вработените во ДИЦ, пак велат нема откажување од штрајкот додека не добијат покачување на платите од министерството за финансии.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста