Средба Мицкоски – Пленковиќ: Македонија треба да биде дел од големото европско семејство

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ оствари средба и со опозицискиот лидер Христијан Мицкоски. На неа биле потврдени добрите односи помеѓу Македонија и Хрватска. Се говорело и за активната соработка помеѓу сестринските партии ВМРО-ДПМНЕ и ХДЗ при што се нагласи дека и понатаму таа соработка ќе продолжи и ќе се надоградува, соопштија од опозициската партија.

„На средбата соговорниците разговараа и за актуелната политичка и економска состојба, и евроинтегративниот процес на земјата. Мицкоски истакна дека Македонија треба да биде дел од големото европското семејство и Македонија единствено ја гледа како рамноправна членка на ЕУ за што ја побара и поддршката од пријателска Хрватска. Во текот на разговорите Мицкоски ја истакна и загриженоста за тешката економска состојба во која што се наоѓа државата, инфлацијата и растечката сиромаштија“ наведува ВМРО-ДПМНЕ во своето соопштение.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста