СПЦ ја офијализираше автокефалноста на МПЦ-ОА

Српската црква и официјално ја призна МПЦ-ОА како автокефална црква. По заедничката литургија на двете цркви во Скопје на големиот празник, Св. Кирил и Методиј кога беше соопштена радосната вест за конечно решавање на автокефалниот статус на македонската црква, српскиот патријарх Порфириј му го даде документот односно т.н. Томос за автокефалност на архиепископот охридски и македонски, Стефан.

Денес по милоста Божја имаме можност да го крунисаме она што веќе постои меѓу нас, а тоа е единството. Ова единство беше нарушено во еден период, но беше запоставено во духот на Црквата, а тоа е дека Македонската црква, Охридската архиепископија има не само услови туку и потреба да се организира во контекст на автокефалната црква, да испадне да биде најдобар можен начин на живот вели српскиот патријарх Порфириј.

Секоја верна душа ќе се радува на денешниот историски ден, кога воспоставивме евхаристијско општење и решениот статус на македонската црква рече поглаварот Г.Г. Стефан. Овој ден, вели архиепископот охридски и македонски, ни овозможува слободно да пристапуваме кон престолот на благодатта за да примаме милост и да најдеме благослов за помош.

Со Божја помош, ќе се трудиме да градиме добри односи со сите православни помесни цркви, а веруваме дека вашиот пример, премиерот на СПЦ кон нас, ќе го поддржат и истанатите сестрински православни цркви. Па вие, Ваша светост, направивте чекор со историско значење, како за нашата МПЦ, така веруваме и за целото православие рече Г.Г. Стефан.

Должни сме сега, да ги известиме сите помесни цркви и тие да го сторат истото, вели Порфириј, како што налагаат канонските правила, кои веќе знаат и ни го даваат нивниот благослов на овој пат.

По 55-годишен раскол, двете цркви, македонската и српската, за првомајските празници ги возобновија разговорите далеку од очите на јавноста. По само две недели Саборот на СПЦ воспостави канонско единство со МПЦ-ОА. Веднаш потоа следуваше литургија во храмот Св. Сава во Белград на српскиот патријарх Порфириј и архиепископот охридски и македонски Стефан со владици од двете цркви. На заедничката литургија во Скопје, г. Порфириј соопшти дека српскиот црковен Сабор едногласно одлучил на МПЦ-ОА да и додели автокефалност како мајка црква.

На почетокот на минатиот месец,  и Цариградската патријаршија ја призна македонската црква како канонска. Инаку, идната недела, на 12-ти јуни, кога е празникот Духовден, македонска црковна делегација со архиепископот г. г. Стефан заминуваат во посета на Цариград, каде ќе богослужат заедно со Вселенскиот Патријарх Вартоломеј.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста