Спасовски за синот на Буши: Се во медиумите се шпекулации, одговорност ќе има ако се докаже

Министерот за внатрешни работи без ниту еден конкретен одговор за скандалот со синот на неговиот заменик. Оливер Спасовски вели дека најголем дел од информациите биле шпекулации. Не коментира конкретно за истрагата за нелегално користење флешери и бркотницата со полициско возило. Вели, дополнително ќе информирале.

– „Ова е прашање кое што не се заснова на ниту еден факт и мислам дека е најдобро да ги чуете, да ги дочекаме сите аргументите и фактите коишто се однесуваат на целиот овој процес и тие аргументи и факти да ги пласираме во јавноста.“ – Изјави Спасовски.

Инцидентот се случил во петокот, кога синот на заменик – министерот за внатрешни, Назим Буши, во Чаир бил забележан од полициска патрола како нелегално користи флешери односно полициска светлосна сигнализација и се движи со брзина поголема од дозволанта. Му сигнализирале да застане, но тој продолжил. Патролата повикала засилување, а по бркотница конечно го запреле дури кај Качанички пат во Визбегово. Сепак, по кратко време бил пуштен со образложние дека возилото било на Службата за општи и заеднички работи.

– „Ќе има одговорност за тој што направил прекршок, кој сака нека е. Дали е министер, дали е директор, дали е обичен граѓанин, за секој еден ако направил прекршок ќе има одговорност.“ – Додаде министерот.

Сепак, надлежните веројатно се обидоа да го забоштат случајот. Тој воопшто не беше наведен во редовниот полициски билтен, а тврдењата на министерот дека ќе има одговорност, без да прецизира за кого, доаѓаат дури откако медиумите го обелоденија скандалот.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста