Спасовски вети, МВР не го исполнува ветеното: Се уште нема соопштение кој неовластено управувал возило со полициски флешери

Претрес во Општина Чешиново – Облешево, пронајдени пушка и муниција. Кривична пријава против скопјанец за „злоупотреба на службена положба и овластување” и „фалсификување службена исправа”. Приведено лице од гостиварско, затекнато при бесправна сеча на држа. Лишен од слобода кардец, одземеното вратено на сопственикот. 166 санкции за брзо возење. Приведен разбојник од Кондово за издржување казна затвор од пет години. Приведен крадец од Штип, одземеното вратено на сопственикот. Приведен крадец по распишана потерница

Ова се последните осум соопштенија на МВР, меѓу кои го нема она ветеното- кој неовлсатено возел со полициски флешери. Сите испратени по ветувањето на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, дека вчера или најдоцна денеска ќе биде објавено кој неовластено користел полициски флешери.

-(ДАЛИ КОНЕЧНО ЗНАЕМЕ КОЈ ВОЗЕЛ НЕОВЛАСТЕНО СО ФЛЕШЕРИ?) Да! Значи, направивме малку поопсежна истрага во однос на тоа, не само конкретно пријавениот момент инт. И очекувам или до крајот на денот или утре претпладне да ги изнесеме сите аргументи, факти, информации, изјави Спасовски. 

Спасовски не ни откри ниту какви мерки ќе бидат преземени против возачот кој неовластено ги користел флешерите. На прашањето дали е веќе поднесена кривична пријава, со оглед на тоа што е прекршен кривичниот законик, министерот ни одговори да го почекаме официјалното соопштение на МВР, кое се уште го чекаме.

-Значи ќе го добиете извештајот комплетно се и сите мерки кои што треба да бидат прземени ќе бидат преземени. И за тој што возел и тука и претходно. Така да за тоа бидете убедени, нема луѓе кои што ќе бидат амнестирани за било што, изјави Спасовски.

Соопштението се уште го нема, но од МВР тврдат истрагата била завршена. Овој случај фрли голем сомнеж во јавноста, бидејќи објавено беше дека флешери неовластено користел синот на заменик министерот за внатрешни работи и висок функционер на ДУИ, Назим Буши. Спасовски претходно ни порача дека не знаеле кој возел, но тоа сигурно не бил синот на неговиот заменик.

Сомнеж плус фрла и фактот што полицијата имала снимки од настанот, но и преку нив не можеше да открие кој управувал со ова моторно возило.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста