СО ТРИ СРЕДБИ НОЌЕСКА ПРОДОЛЖУВА ПЛЕЈ-ОФОТ ВО НБА ЛИГАТА

Бојкотот барем засега ставен во мирување, по дводневна пауза продолжува разигрувањето во НБА лигата. Како што беше и претходно најавено плеј-офот ќе продолжи таму каде што и застана односно со петиот натпревар од првата рунда помеѓу Милвоки и Орландо во Источната конференција. Бакс имаат предност од 3-1 и со победа обезбедуваат конференцико полуфинале. Вечерва по полноќ се игра дуелот помеѓу Хјустон и Оклахома каде резултатот 2-2 , а добра вест за Рокетс е враќањето на Расел Вестбрук откако плејмејкерот ја залечи повредата на мускулот на десната нога. Последниот меч од ноќешната програма е шанса за ЛА Лејкерс со нова победа против Портланд да обезбедат место во следната рунда, бидејќи во моментов имаат предност од 3-1 во победи.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста