Со помош на странски донации, државата ќе го спасува од пропаѓање струшкиот Завод за нефрологија

Со помош на странски донации,државата ќе го спасува од пропаѓање струшкиот Завод за нефрологија. Иако болницата не е стара, таа со децении не се одржувала соодветно,постојано се крпарел кровот кој во неколку наврати ја поплави болницата. Но се покажа дека кровот и старите прозорци не се единствениот проблем,болницата кубурела и со апаратура. Недостатоците станаа видливи кога директорката на Центарот за развој на југозападен плански регион кажа за каква намена ќе се употребат дел од обезбедените 392.000 евра.

Но и инсталирање на систем за довод на кислород во 3 соби за хемодијализа и во 3 соби во интензивна нега.Инсталирање на систем за санитарна топла вода,инсталирање на систем за производство на електрична енергија, фотоволтаици ,набавка на агрегат – изјави Мирјана Лозаноска – директор на Центар за развој на југозападен плански регион.

Лекарите постојано апелираа барајќи помош бидејќи пациентите во оваа болница се подложни на инфекции и страдаат и од голем број заболувања.Лекувањето во несоодветни услови, за нив може да биде многу опасно. Владините министри за ова проговорија откако се обезбедија парите.

Еден објект со високо реноме во минатото,заради годините , дотраеноста,е и можам да речам во некој домен и дотрошен – изјави Ристо Пенов – министер за локална самоуправа.

Иако условите за работа во болницата не се нималку мотивирачки, директорот вели дека за сега, немалоосипно намалување на доктори.

Сите млади кадри брзо заминуваат на специјализација, од оваа болница засега немаме некои побарување за напуштање.Во мементов нема таков осип,меѓутоа има потреба за медицински персонал – изјави д-р Ацо Попоски – директор на Завод за нефрологија Струга.

Инаку Заводот за нефрологија полни 35 години опслужува пациенти не само од нашата и околните држави туку и од европските земји. Во болницата гравитираат годишно околу 200.000 пациенти.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста