Со македонските институции раководат директори без соодветно образование и знаење на странски јазик

Немаат соодветно образование, ниту имаат познавање на странски јазик – со вакви критериуми се членовите на управните и надзорните одбори на македонските институции. 60% од анкетираните институции имаат ВД директори бидејќи не ги исполнуваат критериумите да конкурираат на јавен оглас, покажуваат резултатите на извештајот на Центарот за управување со промени. Нивните хонорари од седници и паушали ја чинат државата 2 милиони евра годишно. Политичкиот пазар при секоја реконструкција на Влада директно влијае на партизацијата на администрацијата, вели директорката на Центарот, Сачмароска.

 Да секако дека тоа е најголем проблем бидејќи лицата се веќе распоредени, политичкиот договор е направен, а не се бараат лица кои ги исполнуваат критериумите – рече Неда Малеска Сачмароска директорка на ЦУП.

Во секторот култура, вработените имаат поголема плата од некои директори, а во социјалните градски установи има повеќе вработени отколку корисници на права на социјална заштита.. Во рупалните средини, пак ситуацијата е обратна, нема вработени во социјално, а има голем број на корисници.

Минатата година премиерот Ковачевски најави реформа во администрацијата со измени на Законот за јавни претпријатија каде се дефинирани посебните услови кои треба да ги исполнуваат кандидатите за членови на управните и надзорните одбори, но измените на законот засега се само на хартија 

Изминативе години медиумите пишуваат дека двајца директори и најмалку 14 членови на надзорни одбори на јавни претпријатија во земјава се со средно образование, што е спротивно на законските критериуми.  Проблемот со партизација на администрацијата и несоодтвени кадри поставени на раководни места е долго време рак рана на македонското општество.

Паула Костадиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста