Софија најавува нова декларација за заштита на правата на Бугарите во земјава

Бугарија најавува нова декларација за Македонија со која ќе се заштителе правата и интересите на Бугарите во земјава. Потчинетоста и сервилноста на македонските власти, потклекнувањето на сите провокации, дозволувањето да се отвораат клубови со спорни имиња – ништо од ова не ја задоволи официјална Софија. Министерот за надворешни работи на Бугарија Николај Милков откри дека ќе го надградат официјалниот документ од 2019 година, изгласан во бугарското Собрание, со нови услови испровоцирани од инцидентот во Охрид. Тој не прецизира кога ќе биде вратен амбасадорот во Скопје.

Ова е чиста дипломатска симболика и повикувањето на амбасадор за консултации значи дека нешто сериозно е нарушено во билатералните односи и тие не можат да бидат какви што беа до пред неколку месеци, затоа што има ескалација на случувања што не се пријателски кон Бугарија – изјави Милков.

Милков повторно влезе во пресметка со претседателот Пендаровски, кој пред неколку дена изјавата на Милков дека „во Македонија се враќаат црни традици на палење и стрелање“ ја оцени како грозна.

Тој спомнува 12 лица, јас би споменал илјадници луѓе кои биле убиени, 300 илјади протерани меѓу двете војни. Г-н Пендаровски веројатно сигурно слушнал за Голи Оток, каде по Втората Светска војна биле протерани или загинале стотици Бугари само затоа што имале бугарска самосвест. , изјави Милков.

Македонско-бугарските односи се влошија по физичка пресметка во кафеана каде беше нападнат секретарот на бугарскиот клуб во Охрид „Цар Борис III“. Како пациент тој беше пренесен во Бугарија со владин авион и примен на лекување во Воено медицинската академија, каде му била извршена операција на скршената вилица. Здравствените власти соопштија дека неговата состојба се подобрува и од одделението за интензивна нега бил пренесен на клиниката за орална хирургија.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста