Сопственикот на „Доказ“ доби затворска казна од три години и еден месец за уцени, ширење омраза и пиратерија

Сопственикот на интернет страницата „Доказ“ Марјан Стаменковски, за четири кривични дела сторени со текстови преку неа, од Кривичниот суд Скопје денеска доби неправосилна казна затвор од три години и еден месец. Дополнително, за злоупотреба на лични податоци, казнет е со 5.000 евра глоба.

Судот му изрече и забрана за вршење професија или дејност поврзана со кривичните дела, односно забрана да врши регистрација на домеин на портал за време од 10 години, сметано од време на правосилноста на пресудата.

Престанува да важи регистрацијата и на сите досега регистрирани домени. Стаменковски е осуден за две кривични дела ширење расистички и ксенофобичен материјал и едно дело: уцена, пиратерија на аудивизуелно дело и секако, за злоупотреба на лични податоци. Обвинението беше по кривичните пријави поднесени од жртви на Стаменковски во текот на 2022 и на почетокот на 2023 година, а во врска со објавени содржини на веб страната во негова сопственост.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста