Сообраќајна несреќа на регионалниот пат Гевгелија-Богданци, едно лице се здоби со тешки телесни повреди

На 27.08.2020 во 10,50 часот било пријавено дека на регионалниот пат Гевгелија-Богданци се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „мерцедес“ со полуприколка, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Љ.Д.(55) од Прилеп и мопед со велешки регистарски ознаки, управуван од Б.П.(78) од Богданци. Во незгодата возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Јавната здравствена установа Гевгелија. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Гевгелија.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста