Сообраќаен колапс: Ученици доцнеа на училиште, работници на работа, пациенти на лекар

Македонската престолнина во целосен сообраќаен хаос. Голем дел од граѓаните беа принудени на работа и на училиште да одат пеш, со велосипед и на други алтернативни начини.

Почнувајќи од 6 часот изутрина, крстосниците кај трговскиот центар Мавровка, Црвен крст и фонатаната кај парк беа блокирани од автобусите на приватните превозници кои си ги бараат заработените пари од Град Скопје.

Граѓаните беа нервозни што ни криви ниту должни мораа да се снаоѓаат како знаат и умеат за да стигнат да ги завршат своите обврски.

Полицијата уште од раните утрински часови скоро насекаде низ градот го регулираше и го пренасочуваше сообраќајот, а авотбусите на ЈСП се движеа по изменети рути.

Низ блокадите беа пропуштани само против- пожарни и амбулантни возила. Од итната медицинска помош за Алфа велат дека секојдневно се соочуваат со сообраќајниот метеж, но, поради светлосната и звучна сигнализација, денеска работата не им била попречена.

Во одговор за Алфа од центрот за управување со кризи и контрола на сообраќајот велат дека скопската сообраќајна мрежа била генерално оптоварена, со особен акцент на дури 9 булевари, 6 улици и еден мост.

Приватните превозници утрината се извинија за сообраќајниот колапс кој што го предизвикаа. Велат, најмалку сакале да го прават тоа, но, немале избор.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста