Сообраќаен колапс во Скопје – од еден до друг крај на градот се патува по најмалку еден час

Од Ѓорче до Аеродром еден час. Од Автокоманда до Ново Лисиче 45 минути. Од Визбегово кон центар и повеќе од еден час. Вака изгледа сообраќајот за време на работна недела. За викенд и празник е малку по подносливо.

Состојбата ескалираше со затворањето на опожарениот мост Беласица, но тоа беше само капак на проблемите кои се провлекуваат подолго време – копањето на едни исти улици по неколку пати, асфлтирања кои траат со месеци без изгледи дека ќе завршат во скоро време и нередовниот автобуски превоз поради кои се повеќе луѓе се одлучуваат за автомобил.

Ако крстосниците кај Мавровка, железничка, Веро Џамбо како и кај Бриколаж беа жешки сообраќајни точки и претходно, сега со непороодноста на мостот Беласица, се речиси непроодни. Но, полицијата ретко може да ја видиме како го регулира сообраќајот, па граѓаните се оставени сами на себе да се снајдат во метежот. Оттаму велат дека прават се што е во нивна надлежност.

За истрагата за утврдување на причините за пожарот на мостот „Беласица“ оттаму велат е во рацете на Основното Јавно Обвинителство Скопје, велат од МВР

И додека граѓаните чекаат одговори и решенија за мостот Беласица и сообраќајниот хаос, надлежните беа пресретнати со критики уште од самиот почеток, кога наместо овие обележја, тука беа поставени уметнички дела.

За тоа, што прават надлежните за метежот и што направија за состојбата на мостот досега, прашавме и во Град Скопје, оттаму одговор не добивме. Додека пак во вчерашното гостување на една национална телевизија, градоначалничката Данела Арсовска, рече дека не било толку важно кога мостот ќе биде ставен во функција туку кој го запалил. Додаде дека доколку нема сериозни оштетувања мостот ќе биде пуштен за 20-на дена.

„Значи ние сме го добиле пред неколку дена зеленото светло дека можеме да отпочнеме да постапуваме, ангажирани се вешти лица, отпочнато е на терен да се прави оскултација, ќе се почне со превземање на ситуации каде што ќе се зимаат кернови, и каде што ќе се докаже дали има и какво е оштетувањето, ако воопшто го има таму“, вели Данела Арарсовска, градоначалник на Скопје

Данела Арсовска стана градоначалник со ветувања за модерен и функционален град, за современи сообраќајни решенија и за бесплатен автобуски превоз. 18 месеци подоцна Скопје никогаш не било позапуштено и похаотично.

Никола Цветковски



КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста