Сончево и топло време, утре доаѓа невреме со пороен дожд

Какво време ќе има за празниците. Денеска преовладува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Во Скопје сончево и топло време со мала облачност.

Во петок под влијание на атмосферски фронт на повеќе места се очекуваат поројни врнежи од дожд. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследени со грмежи и со силен ветер над 70 километри на час, информираат од управата за хидрометеоролошки работи.

Во сабота ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а од недела и во следните денови времето повторно ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а локално ќе бидат поројни, проследени со грмежи.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста