СОНК тврди дека измените на законот за плати во јавниот сектор се неуставни

Против уставен и дескриминирачки закон кој ги одзема стекнатите права на работниците, вели Јаким Неделков, претседател на синдикатот за образование и наука, за нацрт законот за плати во јавниот сектор, за кој додава дека се укинуваат сите тешко постигнати колективни договори.

„Сметаме дека е против уставен, дискриминарачки , спротивен на интересите на работниците во јавниот сектор и не му дава можност на колективното договарање, колективните договори да ги подигнат прават на работниците во јавниот секотр. Напротив, некои права кои што се веќе стекнати со колективните договори ќе бидат укинати.“ – Изјави Неделков.

Предлог законот кој се уште не е во собраниска процедура предвидува дека владата, практично по воља ќе може да ги намалува платите на вработените во државните инситуции. Право на државата кое го има само во воени и вонредни состојби.

Од синдикатот за образование велат дека не очекувале од социјал-демократска влада да се спротистави на синдикатите и да ги обзвредни ваков начин. Оттаму додаваат дека никој ништо не ги прашува и оти со новиот закон целосно ќе бидат тргнати настрана од социјалниот дијалог.

„Не, апсолутно/ бевме вчудоневидени. Прво не знаевме дека се изработува таков закон, апсолутно не знаевме, бидејќи минатата година, во низа преговори кои што ги имавме и со премиерот и со половина влада, секогаш тврдеа дека ќе се направи методологија за систем на плати во кој вие синдикатите директно ќе учествувате во изработка на таа методологија.“ – Истакна Неделков.

Оттаму сметаат дека правдањата на владата оти законот бил само нацрт верзија мора да престанат и да се седне на маса, за да се изнајдат соодветни законски решенија, со цел да се стави ред со платите во јавниот сектор. Тие како добар предлог гледаат во законското решение кое се применува во Хрватска, за кое велат дека негова адаптирана верзија за нашата држава ќе е добра алтернатива како за моменталниот, така и за новиот закон.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста