Сол на најболната рана на Евреите: „Цар Борис“ и „Ванчо Михајлов“ како да го врааќаат фашизмот на голема врата во Македонија

Ванчо Михајлов и Цар Борис трети, два бугарски културни клубови во Битола и Охрид. Навреда за сите Македонци, но и сол на на најголемата и најболна рана на Евреите во Македонија. За нив ова наликува како враќање на фашизмот на голема врата во државава. Првиот човек на Еврејската заедница, Пепо Леви, за Алфа вели утре можеби некому ќе му дојде идеја да формира некаков клуб по името и на еден Адолф Хитлер.

-Се добива некој впечаток дека фашизмот се враќа некако на голема врата во Македонија. Мислам непоимливо е сега во краток временски период да имаме културен центар Ванчо Михајлов во Битола, да имаме Цар Борис во Охрид, тоа непоимливо е. Утре ќе му текне на некој да регистрира на Хитлер, на Гебелс или на било кого, не е тоа во ред, вели Леви за Алфа.

Леви ги коментираше и информациите дека просториите на клубот Ванчо Михајлов се во куќа каде во минатото живеело еврејско семејство. Вели немаат информации дали тоа е точно, чекаат од битолскиот катастар, но кажа дека куќата се наоѓала во познатото еврејско маало во Битола.

-Во однос на тоа дали живеело еврејско семејство во таа куќа, многу е веројатно дека живеело, затоа што таму било еврејско маало, од карши имаме пионерски дом Хашамер Хасеир, кој е во сопственост на еврејската заедница и каде уште во перидот пред војната напредна младинска еврејска заедница, кои учествува и во НОВ подоцна, вели Леви.

Тој е на ставот дека државата мора да реагира со цел ваквите потези од Бугарија да сопрат.

-Државата мора да застане на пат на ваквите појави, не е тоа нешто што допринесува во добрососедските односи меѓу Бугарија и Македонија, не е тоа во ред, порачува Пепо Леви.

Да потсетиме на отворањето на културниот клуб Ванчо Михајлов, присуствуваше целиот бугарски политички врв, предводен од премиерот Кирил Петков и тогашната министерка за надворешни работи Теодора Генчовска.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста