Советничка на Кирил Петков шпионирала во корист на Македонија?

Советничката на екс бугарскиот премиер Кирил Петков, Весела Чернева е под истрага за оддавање на тајни информации на власта во Скопје. Тогашната министерка за надворешни работи Теодора Генчовска дури и ја обвини Чернева дека спроведува паралелна надворешна политика и дека самата лобира во преговорите со Македонија. Од партијата „Преродба“ поставија повеќе прашања на оваа тема до шефот на бугарската државна Агенција за национална безбедност, Пламен Тончев, на денешната седница на народното собрание.  Тончев, рече дека тоа се чувствителни информации.

„Ова се однесува на информации чувствителни на целото општество и нема да можам да одговорам подетално, зашто има поведено предистражна постапка. По контраразузнавачка линија е утврден случај во кој советник на премиерот во тој момент ги пренесувал позициите на Министерството за надворешни работи на граѓанин на македонија“, вели тој.. Тончев посочи дека последниве две години се утврдени два случаја во кои документи на агенцијата биле достапни за надворешни извори.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста