Собранието останува блокирано – единствен излез: Предвремени избори

Нова Година – стари проблеми. На дневен ред во Парламентот се помалку седници зошто власта  не може да  обезбеди кворум. Годината започна со откажана пленарна седница што  навестува дека и оваа година нема да биде многу работна за пратениците. За опозицијата проблемот е во „тенкото“ парламентарно мнозинство, а од власта пак признаваат дека имаат проблем да обезбедат кворум, но причините биле од останати фактори.

Решението, поред ВМРО – ДПМНЕ е во  распуштање на Парламентот и предвремени избори  бидејќи во вакви услови не може да се работи. Заглавени, покрај антикризните мерки, се и законите за новата даночната реформа, за која е неопходна дебата…

Од она што може да се забележи од официјалниот собраниски календар и цела недела нема активности во Собранието. Ова собрание во ваков состав и со вака поставени односи на силите не може повеќе да функционира заради тоа што навистина сериозни закони кои треба да бидат донесени од аспект на добробит за граѓаните и антикризни мерки и закони кои ги бараат од меѓународната заедница во овој состав не можат да бидат и токму затоа треба да има наредна седница на која единствена точка на Дневен ред треба да биде распуштање на парламентот, вели Пратеникот Бојан Стојаноски од ВМРО – ДПМНЕ

И Беса гледа единствено решение во предвремени избори.

Партиите што го сочинуваат мнозинството очигледно имаат проблем со бројките со 61 пратеник . Веројатно поради тоа не се свикуваат пленарни седници. На некој начин влегуваме во една криза што ќе не однесе на нови парламентарни избори, затоа што мнозинството има проблем со мнозинството, рече пратеникот Фадил Зендели од движењето Беса

Власта си ги брани пратениците, отсустни биле поради боледувања и службени патувања.  

Да точно е дека закажаната пленарна седница ја одложивме заради тоа што немавме 61 пратеник. Ние сме сведоци онаму каде што се имаме клучни закони на комисии кои ги предводат од опозицјата во целиот овој период калкулираат и не ги закажуваат седниците, рече Снежана Калевска Ванчева – Пратеничка од СДСМ

Инаку минатата годима собранието ја заврши со само 88 работни дена или 39 нови седници. Од Владата откако Премиер е Димитар Ковачевски,  заклучно со декември минатата година стигнале само 60-тина предлог законски решенија за разгледување.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста