Смртта на Благојче ја здрма власта – како невозможното стана возможно за еден ден?!

-Јас ви кажав од оваа работа ПР не правам, ПР не правам, се правдаше премиерот Димитар Ковачевски.

Требаше некој да почине за институциите да почнат да работат во корист на граѓаните, или барем декларативно да се залагаат за тоа. До вчера беше невозможно поради наводни бирократски проблеми да се купи терапија за болните од цистична фиброза, но трагичниот случај со Благојче Илиевски ја задрма власта.

-Затоа утрово станав многу рано ги разбудив сите одговорни и веќе ги носат и ги донесоа одлуките за да веднаш почне набавката за најкритичните пациенти за овој лек, изјави Ковачевски.

Битката за лекот кој за нив живот значи, болните од цистична фиброза ја водат со години. Барем оние најкритичните сега ќе ја добијат терапијата, која до пред смртта на Благојче ја немаа.

-Да не заборавиме се работи за лекови кои што една терапија за еден пациент чини 300.000 евра, значи ако се земат сите пациенти, тогаш годишна терапија чини 20 до 25 милиони евра. Меѓутоа, треба и терапаијата да се провери од лекарски аспект која терапија за кој пациент треба, ако треба да се направат и законски измени, изјави Ковачевски.

Откако се случи трагедија, премиерот пред камери покажа каење, зошто претходно не било направено нешто, што би помогнало на болните.

-Сепак, тоа никако не може да го тргне чувството на тага, но и на гнев дека можеби имало и најмала шанса да направиме нешто повеќе за Благојче. Но зошто не направивме е прашањето. Зошто толку се одложи се, дури и откако ветивме, изјави Ковачевски.

Сепак, скандлот со ненаврмената набавка на терапијата го потресе премиерот кој одби да даде конкретни одговори зошто се чекало некој да почине.

Во обид веројатно да ја префрли одговорноста кон други, премиерот пред камерите покажа строгост и кон соработниците.

-Правните и експертските тимови пак ќе седнат заедно, ама денес за да го средат и нема да станат додека не го средат делот со менувањето на законите, бидејќи држави од соседството ги имаат променето своите закони за набавка на лекови од производител кој што има патент, а не да се оди на тендери и да се плаќаат маржи, изјави Ковачевски.

Терапијата која болните од цистична фиброза ја бараат со години ја има во сите балкански земји, освен во Македонија и Косово кое и нема државен здравствен систем.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста