Случај „Жила“: Уапсен човек од Скопје за кого се шпекулира дека е поврзан со убиството во старата скопска чаршија

Полицијата уапси едно лице, за кое неофицијално се говори дека е поврзано со двојното убиството во „Шиша бар“ во старата скопска чаршија од 6-ти март годинава кога беа убиени Јетон Кривањева и Енес Исени, а уште едно лице беше рането.

Од МВР велат дека едно лице во текот на вчерашниот ден е уапсено за кривично дело убиство, но засега не се откриваат детали за апсењето, ниту за кој случај станува збор или која била улогата на осомничениот. На уапсениот му е одреден краткотраен притвор од 48 часа.

Како што познато, во март неколку вооружени луѓе влегоа во барот во скопската стара чаршија и со рафални истрели ги усмртија Кривањева и Исени, по што се дале во бегство. Автомобилот со кој пристигнале потоа беше најдена изгорена на друга локација.

Со оглед на фактот што убиените им беа познати на полицијата и начинот на кој беше извршено убиството јасно е дека станува збор за пресметка за позиционирање на наркопазарот.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста