Случајот „Цафери помладиот“ уште е енигма – Сите прсти вперени кон екс-министерот Јашари

Сите надлежни со прст покажуваат кон дискриционото право на поранешниот министер за правда, Аднан Јашари, затоа што Барлет Џафери си го положил правосудниот испит уште пред да го заврши потребното високо образование. Џафери успеал да ја најде дупката во законот, да полага правосуден испит пред да стекне со 300 кредити на правни студии, аплицирал во Академијата за судии и јавни обвинители и станал ученик во седмата генерација. Комисијата која го примила, формално велат од Академијата, виделе дека ја поседува сета потребна документација со што патот на помладиот Џафери да стане судија или обвинител му е отворен.

  • Во претходни генерации, при пригледување на пријавите имаме забележано дека дел од апликантите порано од предвиденото го полагале правосудниот испит. Иако тоа не е од важност за Академијата, бидејќи за прием во почетна обука потребно е слушателот во почетна обука да има работен стаж од најмалку две години на правни работи по положен правосуден испит, од чисто информативни причини се имаме распрашано за можноста за предвремено полагање на правосудниот испит и сме биле информирани дека Министерот за правда имал дискреционо право со Решение да дозволи предвремено полагање на правосудниот испит. Во стариот закон имало правна празнина па не било определено какво е дискреционото право на Министерот, односно колку порано може министерот со Решението да дозволи полагање на правосудниот испит. Оваа правна празнина е надмината со новиот Закон за полагање на правосуден испит“ – велат од Акдемиајта за судии и јавни обвинители за Алфа.

И актуелниот министер за правда Никола Тупанчески вели дефинитивно некој функционер кој го искористил дискреционото право, потенцирајќи дека доколку постојат случаи кои граничат со примената на законот, тогаш треба да реагираат надлежните институции.

  • Доколку навистина постојат случаи коишто се граничат со примената на законот тогаш би требало да реагираат и другите институции. Целата состојба треба да се провери, како што дознав од медиумите, не се работи за еден случај, туку се работи за примена на дискреционо право на именуван функционер. Дефинитивно некој го искористил тоа дискреционо овластување и токму затоа од тие причини законот е изменет за да не постои никаква можност во иднина. Еве јас 10 месеци сум министер, не сум ни помислил да дадам некој предвремено да полага правосуден испит“, истакна Тупанчески.

И адвокатската фела е на став дека строго пропишани законски норми мора за сите подеднакво да важат.

  • Не постои шанса, не постои можност некој индивидуално да решава дали некој може да полага, односно да се стекне со право да полага правосуден или не. Значи пропишано е строго со закон како се полага. По завршување на правен факултет мора да стажирате една година, па да стекнете право да полагате правосуден испит“, наведе Михајловски.

Скандалот околу положениот правосуден испит пред Барлет Џафери да заврши студии со 300 кредити го отвори Антикорупциската комисија, која не можеше да провери бидејќи документација во Правда се чувала само една година. Тој ги завршил студии во јули 2015-та, а правосудниот испит пет месеци претходно.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста