Слободен паркинг на Клинички останува невозможна мисија

Автомобили кои едвај се движат, нервозни возачи поради изгубеното време, но и загрижени пациенти кои наместо брзо да стигнат на преглед, не можат да се пробијат низ сообраќајниот хаос – сликата на Клинички речиси е идентична секој ден.

Метежот во претпадневите часови почна уште на самиот влез, а продолжи во тесните улици низ комплексот каде речиси е невозможно да се вози, поради непрописно паркирани автомобили.

Да се најде слободно паркинг место во кампусот клиники е вистинска среќа.Некои од граѓаните кружат и по два часа додека да паркираат.

Долга е колоната и за наплата на паркинг место.

Здравствените власти велат дека се свесни за хаосот и бараат решение.Министерот  Меџити се изјасни дека нема волшебно стапче за да го реши проблемот.

Дали хаосот конечно ќе се реши ? Ветување имаше и порано, но без реалзација. И Меџити како и неговите претходници – министри, вети пред еден месец дека ќе го реши деценскиот проблем во најскоро време.

„Наш прв приоритет ќе биде да го решиме сообраќајниот хаос во Клинички центар. Се консултираме со сите институции, засегнати страни и размислуваме тоа да го решиме во најбрз можен рок.” – изјави министерот за здравство Меџити пред еден месец.

Паркингот на Клиничкиот центар располага со вкупно 1.000 паркинг места, а само во еден ден влегуваат околу 5.000 возила, вклучувајќи ги и возилата на вработените во центарот.

Ања Лукарова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста