Скопје утре ќе биде блокирано со околу 200 автобуси – Ако нема договор, од понеделник ќе следи целосна блокада на градот

Околу 200 автобуси на приватните превозници од утре изутрина во 6 часот па во текот на целиот ден ќе бидат паркирани речиси по целата должина на булеварот Илинден во Скопје, од потегот на владата до булеварот 8 септемрви, додека нивните шофери ќе протестираат пред Градот Скопје, поради, како што тврдат тие, неисплатениот долг од над 1 и пол милион евра. Ќе биде блокирана десната лента по скоро целата должина на булеварот, вели директорот на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски.

– „Утре, со почеток од 6 часот ќе биде блокирана улицита Илинденска во правец од семафорите после влада, до Ми – Да и оттаму, до овој правец. Се работи за блокирање само на десните ленти. Значи, повотрно ќе се пушти сообраќај“. – Информираше Јовановски.

Ова следи откако последната целодневна блокада на крстосницата пред трговскиот центар кај Мавровка не вроди со плод, па наместо да си ги наплатат долговите од ЈСП, оттаму и од Градоначалничката Арсовска добија обвиненија за криминал. Јовановски вели дека утре нема да блокираат крстосници, ќе дадат уште една шанса на Арсовска за време на викендот да се договорат, во спротивно од понеделник ќе го радикализираат протестот и целосно ќе го парализираат сообраќајот во градот со блокирање на три клучни крстосници.

– „Она што е сигурно, ако нема реакција, ако нема резултат и ако не се седне на маса и ако некој упорно сака да спроведува лична агенда што е надвор од сите интереси, тогаш, во понеделник, овие 200 автобуси ќе се прегрупираат и ќе ги блокираат целосно, не како што беше сега, ќе ги блокираат целосно крстосницата кај Мавровка, крстосницата кај Црвен Крст и улицата Илинденска“ – Предупреди Јовановски.

Јовановски денеска со документи ги демантираше тврдењата на градоначалничката Арсовска, оти продавале билети, а не издавале фискална. Вели дека им биле набавени лесно расипливи фискални апарати, кои морале редовно да ги сервисираат, а и после сервисирањето, често се случувало тие повторно да не работат. Тврди дека поради таа причина, тие ги одбивале да продаваат билети, иако од ЈСП тоа го барале од нив.

Јовановски истакна и дека ќе ја употребат целата флота на автобуси за блокадите, за да докажат дека Градоначалничката Арсовска ја манипулира јавноста за бројноста на приватните превозници, а со тоа да се даде до знаење дека ако манипулира за една работа, манипулира и за многу други нешта.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста