Скопје –  Втор најзагаден град во светот

За добра ноќ  скопјани се надишаа смог, чад и магла , а се разбудија во еден од најзагадените градови во светот.  Според листата на IQAir , која секојдневно го прави рангирањето на најзагадените градови во светот, метрополата е меѓу 10-те најзагадени градови.  Во текот на денот, Скопје дури и се искачи на второто место.

Еколозите алармираат дека во текот на наредните денови, загадувањето ќе биде уште поголемо и сега ни останува само да чекаме да дувне ветар за да го исчисти воздухот , и ќе биде вака се додека државата не направи инвестиции за да се намали аерозагавуањето .

загадувањето ќе биде поголемо ќе биде  додека е оваа прогноза, ќе ги имаме овие алармантни вредности  прагот на алармирање ќе се надмине уште утре, вредностите се веќе над 200 ПМ 10 честички. Да имате вие просек над 200 во 24 часа тоа е страшно, изјави Татјана Чакулев од О2 иницијатива

Мерните станици покажуваат дека во вечените часови просeкот на концентрација на ПМ 10 честичките бил 225 микро грами на метaр кубен додека во делови од центарот на Скопје, тие бројки достигнале и вредности околу  400 микрограми. Според апликацијата „ Мој воздух“ , на одредени локации во Скопје достигнаа и до 266 и 276  пм10 честички на метар кубен.

Меѓу најзагадените градови во државава се и Кичево, Кавадарци и Струмица каде вчера и завчера  беше надминато законското дозволено ниво на 150 микрограми на метар кубен пм 10 честички во воздухот.  Чакулев реагира дека Владата не реализирала ништо од стратешката програма од 2019 година за справување со овој проблем

Треба да се направат инвестиции за намалување на аерозагадувањето, тука се начинот на греење, зборуваме за сите јавни објекти, домаќинства и сообраќајот. Потребни се само инвестиции за да дојдеме до ниво кое е прифатливо,вели Чакулев

Поради опасноста на загадениот воздух,  Министерството за животна средина одлучи на сила да стапат мерки и препораки за  Скопје, Кавадарци и Струмица. Согласно мерките бремените жени, постарите од 60 години, лицата со хронична астма, лицата кои прележале миокарден инфаркт или мозочен удар, да не одат на работа.  Оние пак кои работат на отворено да се активни само од 11 до 17 часот и да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено.  Владата пак,  треба да ги задолжи  државните институции и јавните претпријатија да ја намалат до 50 проценти употребата на службените возила.    

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста