ТВ Алфа на блокираните крстосници во Скопје

Скопјани втор ден по ред во сообраќаен хаос. Автобусите на приватните превозници не ги напуштија улиците. Повеќе од 24 часа ги блокираат крстосниците кај трговскиот центар Мавровка, Црвен крст и фонатаната кај парк.

Како вчера, така и денес полицијата го регулирапше и го пренасочуваше сообраќајот насекаде низ градот, а автобусите на ЈСП се движеа по изменети рути.

Граѓаните поучени од вчерашниот ден, денес масовно одеа на работа и на училиште пеш, со велосипед или електричен тротинет. Со оние кои разговаравме, во најголем дел ги подржуваат протестите.

Според информациите на центарот за управување со кризи и контрола на сообраќајот, денес регистрирале оптоварен сообраќај долж 6 булевари, 4 улици и 1 мост, што покажува дека метежот се намалил речиси за половина во споредба со вчерашниот ден, веројатно затоа што денес скопјани не се се обидоа да си ја пробаат среќата со автомобил.

Во меѓувреме, во јавноста се појавија дилеми и дискусија за тоа, дали правото на слободно движење или правото на протест е поважно во овој момент. Од владата порачаа дека поседувале механизми за справување со протестите, но, досега без да понудат конкретно решение.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста