Скапиот живот го сотре и социјалниот – На еден млад човек му требаат се повеќе пари за ноќен живот

Најмалку 1500 до 2000 денари му требаат на еден млад човек за да си дозволи да излезе во ноќен клуб. Во пресметката е вкалкулирана влезницата во дискотека, која се движи од 200 до 300 денари, три пијалоци кои во клубовите често не се под 250 денари, како и такси превоз од и кон домот. Енормното поскапување на цените на буквално сите трошоци ги сотре и младите, а удира и по нивниот ноќен живот.

Пред пандемијата, карантините и поскапувањата, ноќниот живот во македонскиот главен град изгледаше многу поразлично. Како младите, така и повозрасните имаа различни можности за дружба и забава по полноќ. Главниот проблем беше вревата и гласната музика од локалите во центарот на градот, а не поскапувањата. Сепак, според дел од младите, ова не е најгорливиот проблем.

Сопствениците на локалите велат дека најголемо влијание на новите цени има енергетската криза и тие мора да ги прилагодат цените.

– „Јас мислам дека ова е и повеќе од јасно. Тоа што се случува глобално во светот, се рефлектира и во нашиот сектор. Во ноќниот живот. Самата енергетска криза донесе до покачување на струјата, покачување на горивото. Транспорот е покачен, електричната енергија е за 100% покачена. Автоматски, сето тоа се рефлектира и во секојдневниот живот, не само во ноќниот живот.“ – Вели Зија Вишко – Основач и сопственик на Радио Бар и Клуб 1212.

За угостителите да работат по полноќ потребни се посебни лиценци кои што поради високите цени, претставуваат пречка за многумина. Па, за разлика од ноќните клубови, казината и коцкарниците се отворени 24/7 и се се почесто посетени од голем број млади луѓе.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста