СКАНДАЛ: Директорката на ДЗСИ, Бухова со државна картичка точи и бензин и дизел во ист автомобил

Директорката на државниот здравствен и санитарен инспекторат, службената картичка за гориво ја користела да полни и дизел и бензин во истата кола. Службеното возило Рено Клио 0.9 кое е задолжено на директорката Иринка Сотирова Бухова, според спецификациите на прозведувачот, како моторно гориво користи бензин.

Серијата документи до кои дојде Алфа покaжуваат дека директорката во истото возило полнела и бензин и дизел. Дека Бухова се служела со ваквата пракса подолг временски период, како и дека од службената картичка таа често успевала да наполни дури и повеќе гориво од капацитетот на резервоарот, што го потвдуваат повеќе фискaлани сметки, како и други документи. Па се поставува прашањето, колку и чии возила користеле гориво платено од џебот на граѓаните, а со амин на директорката Бухова?

Алфа се обиде да добие одговори од повиканата, но, се заврши само на оправдувања дека во целиот случај заднината била политичка, односно внатре-партиска . Од Сотирова Бухова не добивме било какво објаснување, ниту пак одговор како е можно со државната картичка за исто возило да точи различен тип на гориво.

– „Наводите кои се предмет на Вашите прашања се апсолутни неосновани измислици, конструкции и предмет за внатре-партиски пресметики за задоволување на суетите и апетитите на поединци.“ – Изјави за Алфа директорка на ДЗСИ, Иринка Сотирова Бухова.

Комисија за спречување на корупција за Алфа потврдува дека против директорката веќе има отворено предмет.

– „До Државната комисија за спречување на корупцијата е пристигната пријава по која е оформен предмет. Од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата се доставени барања за прибирање податоци и информации до надлежни институции со цел проверка на наводите од пријавата.“ – Велат за Алфа од омисија за спречување на корупција.

До редакцијата на Алфа Телевизија досега се доставени цела серија на документи, фискални сметки, фактури и склучени договори кои сведочат за управување со буџетот токму на државниот здравствен и санитарен инспекторат, институцијата задолжена за утврдување на чистотата на болниците и операционите сали.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста