Системот на ФЗОМ почна да функционира

Системот на ФЗОМ почна да функционира. Откако матичните лекари за Алфа алармираа дека се спречени да си ја вршат работата и дека сајтот на фондот не функционира од вчера вечерта системот проработе. Од ФЗОМ информираат дека во периодов се прави миграција и модернизација на серверската инфраструктура на сајтот. Во одговор на нашето прашање појаснуваат дека за сите заинтересирани страни (матични лекари, аптеки, јавни здравствени установи и осигуреници) фондот го олеснил пристапот до услугите.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста