Силјановска до Заев: Се срамам што сум овде со вас, ни се смеат амбасадите за ваквото класично незнаење од ваша страна

На денешната седница за избор на Влада во Собранието, Гордана Силјановска Давкова укажа за класичното непознавање на процедурите на Зоран Заев, кој од позиција на мандатар и предлагач на владата се впушта во реплицирање и расправање со пратениците, наместо само да ја брани владата.

– Ве разбирам но нема друго чаре освен да ви донесам снимки од избор на влади и вие овде да ги презентирате. Господа, ова е парламентарен дом и репликата може господине Заев да се однесува само на негирањето на она што сте го напишале. Тоа да го браните. Не смеете да им се обраќате на пратениците и да ги напаѓате. Тоа е непознат феномен, би ве остраниле во британски парламент за тоа. Значи вие треба да речете, не сте во право, нека кажат сите што студирале право. Ве молам немојте овде да правите бекетов театар на апсурдот. Ова е страшно, невидено е, се срамам од студентите овде што работат, рече Силјановска Давкова.

Таа исто така ги замоли пратениците да се однесуваат како што му доликува на еден парламент за да не станат предмет на подбив на странските амбасади и додаде дека се срами дека се наоѓа помеѓу луѓе кои вака постапуваат.

Значи ве молам, не постои избор на влада, не постои Парламент во кој што министри држат лекции. Премиерот треба да си ја брани програмата, во право е, со сите аргументи, ама не во репликите што правел некој и како било. Недозволиво е. Ќе ви донесам снимки или може да дојдете на факултет. Ви се смеат сите амбасади, нас ни се смеат. Се срамам што сум овде меѓу вас, заврши Силјановска Давкова.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста