Силјановска Давкова за уставните измени: Oчекував научна дебата од комисијата, а не квази ренесансни личности кои се појавуваа во грчко македонските комисии!

„Очекував да видам науна расправа меѓу експертите од различни профили и таа да биде јавна, затоа и постои комисијата, се знае дека Владата го дефинира предлогот за измени на Уставот, групата прави само работна верзија.

Работнава група излага дека е овластен предлагач, а сите знаевме што требаа да се смени, само си го легитимираа начинот.

Не можам да кажам за сите, се познаваме кои сме во оваа област, но овде има квази ренесансни личности кои беа истите и за преспанскиот договор во грчко македонски комисии, се појавуваа во трибини да се бранат решенијата за  Владата што ги донесе во грчко-македонските односи.

Уставот е најинтерната работа на една држава, а преамбулата е духот на Уставот“, рече професорката по уставно право Гордана Силјановска Давкова во емисијата ЗА ИЛИ ПРОТИВ на Алфа телевизија.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста