Се јавија Јотова и Милков: Официјална Софија загрижена за имињата на бугарските клубови

Провоцираат со имиња на фашистички соработници, а потоа се жалат зошто називите им се забранети, вака накусо може да објасни ситуацијата со источниот сосед и нивните реакции откако министерството за правда даде негативно мислење за бугарскиот клуб Иван Михајлов. Откако под притисок на јавноста конечно македонските институции пресекоа, официјална Софија се вознемири, сметаат дека станувало збор за обиди за ограничување на правото на здружување на Бугарите во земјата.

Бугарската потпретседателка Јотова за бугарските медиуми рече дека  не постои ниту еден знак дека Владата во Македонија сака да стави крај на говорот на омраза кон сè што е бугарско. А и не гледала дека бугарите во скоро време ќе си го нашле своето место во македонскиот Устав. Сите процеси за Уставот, преговорите, историската комисија  ги поврза во едно, дури и крадењето на монитор во бугарскиот клуб во Скопје, каде воедно беа ограбени и два угостителски објекти, ама за Јотова тоа било напад врз бугарската држава и требало соодветно да се реагира.

И на крај поставувам реторичко прашање: дали високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, г. Борел , кој беше на турнеја во Албанија и Република Северна Македонија, како и комесарот за проширување, г. Вархеи ќе знае дека вандал нападнал културен институт на Бугарија, да потенцирам држава членка на Европската Унија, а каков ќе биде одговорот од европските институции“, рече Илијана Јотова – потпретседателка на Бугарија.

За украдениот монитор и имињата на бугарските клубови реагира и бугарскиот министер за надворешни работи Милков кој исто така бара Европската Унија да разгледа што се слуувало во Македонија. За името на клубот Иван Михајлов не му било јасно зошто сме се бунеле.

-Ситуациите во кои таму беа нападнати бугарски клубови и бугарски организации веќе поминаа. Сега и бугарската држава од вчера станува предмет на слични напади. За мене трендот е очигледен и оваа неказнивост предизвикува тенденција за нови провокации и злосторства, вели Милков.

За имињата на клибовите реагираа и од официјалното МНР на Бугарија во соопштението пишува дека од 17 000 клубови, македонските иституции реагирале само за двата бугарски клуба.

Инаку вчера министерството за правда во Македонија даде негативно мислење за името на клубот Иван Михајлов, истото го стори и централиот регистар за клубот цар Борис III, одлуката се донесе на последниот ден од законскиот рок, оти македонските власти не може да формираат комисија, еден период Македонија немаше ни министер за правда, а воедно и притисокот на јавноста придонесе за конечно да се разреши сагата околку провокаторските имиња на бугарските клубови низ Македонија.

Мери Симоновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста