Се штанцаат петки – можеме ли да го опоравиме образовниот систем

Образовниот процес треба да претрпи сериозни и длабински измени. Потребни се вистински реформи, советуваат експертите. Анализите  покажуваат дека за пет години се дуплирал бројот на одлични ученици, а дури 92% од родителите фаќаат врски за да им обезбедат подобар успех на своите деца. Со ова наместо добро, им се прави лоша услуга на учениците.

  „Тоа е тема што подолго го мачело ова општество. Не е само тема овие 10-15години. Концептот на отценување, е концепт стар повеќе од четириесет години. Тој концепт мора да се менува, заради тоа што, денес ако не сте одличен Вие не може да го продолжите понатамошното образование, вели проф. Кирил Барбареев, вели проф. Д-р Кирил Барбареев-УГД-Штип

Ако сакаме здрав образовен систем не треба да се зборува само декларативно или пак само кога се јавуваат актуелни теми во него. Според проф.Барбареев, кој денес ја промовираше својата нова книга „Размисли за образованието„ последните случувања не е само последица на одредени состојби во образованието, туку на состојбата во која се наоѓа нашето општеството.

  „Сето она што ни се случува во последните периоди кажува дека одредени брзи активности не треба да преземе само образованието, туку и другите институции, како што е Министерството за внатрешни работи, Министерството за труд и социјална политика„ изјави проф. Барбареев.

И во анкетата што неодамна ја спроведе Комисијата за антикорупција дури 60-70% од учениците се изјасниле дека се сведоци на незаслужени оценки, а причината за тоа е што родителите барале врски.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста