Се уништуваат ли докази за криминал во ЈСП Скопје?

Се бришат електронски записи и се уништуваат ревизорски документи кои соддржат индиции за сериозен финансиски криминал во градско сообраќајно прептријатие ЈСП, тврди суспендираната внатрешна ревизорка Николина Кузманова.

– „Во моментот на суспензија ми беше одземен службениот лаптоп и документацијата без записник, значи буквално бев приморана да го напуштам работното место без да се направи записник за документацијата која ја оставам. Станува збор за мојата работа од 2014 година до 01.11.2022 година, значи, станува збор за извршени ревизии, прекинати ревизии, дописи, укажувања на можни кривични дела, укажувања на неправилности во работењето, значи, комплетна документација која ја вршев јас как внатрешен ревизор.“ – Изјави ревизорката Кузманова.

Таа вели дека незаконски не и е дозволено да се врати на нејзиното работно место, иако ја обжалила суспензијата и се уште се води како вработена во прептијатието. Смета дека се користи нејзиното отсуство за да бидат уништени докази за проневера на народни пари.

– „Во текот на ревизијата произлезе можно кривично дело, уништување на деловна документација, однонсо, се работи за финансиски документи за две календарски години, 2018та и 2019та кои што согласно законот за архивски материјал, законска обврска е да бидат чувани 5 години, бидејќи се составен дел на финанските извештаи кои што ги изготвува ЈСП.“ – Вели Кузманова.

Иако во ЈСП поставивме серија на прашања за појаснување на состојбите, оттаму само накратко велат не можат да одговорат.

– „Во интерес на постапките кои се во тек, во овој момент ЈСП Скопје би се воздржало од одговор на поставените прашања.“ – Ни одговорија од ЈСП.

Ревизорката Кузманова се сомнева дека финансиските извештаи од 2018 и 2019 кои биле уништени во поплава намерно не биле соодветно заштитени, а за тоа постои одговорна личност.

Инаку, Кузманова вели дека е под суспзнеија поради неизршени работни задачи, кои биле невозможно да се завршат за кракто време. Тврди дека ВД директорот Александар Стојковски задачата и ја доделил 3 дена пред суспензијата.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста