Се судрија камион и комбајн на магистралниот пат Радовиш-Штип

На 26.08.2020 во 19,15 часот било пријавено дека на магистралниот пат Радовиш-Штип се случила сообраќајна незгода помеѓу влекач „сканија“ со полуприколка, со велешки регистерски ознаки, управуван од Р.Б.(60) од Гевгелија и земјоделска машина „комбајн“ без регистерски ознаки, управувана од И.П.(65) од Штип. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на влекачот констатирани во Медицинскиот центар Штип. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа на Полициската станица Радовиш.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста