Се покачува цената не геотермалната вода во Kочани

Се зголемува цената на геотермалната вода за затоплување на оранжериите, во Кочани.  Советот на Општина Кочани на денешната седница даде согласност да се направи корекција и кубикот, да чини 61,9 денари, што е зголемување од 83%.

„Се работи за еден потенцијал од Бога даден на општина Кочани и сметам дека треба да бидеме сите одговорни во делот на овозможување на услови за реално и економски исплатливо функционирање и на едната и на другата страна. Зборувам на страната на ЈКП„Водовод„ кое стопанисува и на страната на корисниците на топла вода кои ги користат количините за загревање на своите комплекси„-изјави Љупчо Папазов, градоначалник на Кочани.

До Советот на Општина Кочани во два наврати беа доставени калкулации за покачување на цената. Со новото барање е направена промена во првичната пресметка. Досегашната цена од 33,82 денари за кубик е нерентабилна за комуналното претпријатие, кое поради неплатени сметки , речиси десетина денови без струја беше Управната зграда и уште неколку работни единици.

„ Со таа цена ЈКП„Водовод„ да опстојува, ниту можеше сметките за електрична енергија да си ги плаќат. Една работа околу оваа цена е многу важно да се знае, дека Советот донесе едногласно одлука комуналното претпријатие по претходната цена да не склучува договори за загревање на агрокомплексите бидејќи е испод сите економски минимуми„-изјави Љупчо Папазов, градоначалник на Кочани.

Минатата година „Водовод„ има испорачано 467илјади кубни метри геотермална вода . Остварен е приход 15,8 милиони денари , средства кои според сегашните калкулации не можат да ги покријат трошоците за црпење и дистрибуција на водата.

Во моментот 14 компании имат склучено  пред договори по ново предложените цени

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста