Се отвора ли терен милионскиот бизнис со учебницте да и припадне на омилената компанија на ДУИ?

Цела генерација деца од прво, па до петто одделение тргнаа на училиште без учебници. Проблемот со печатењето е во сомнителните тендери и договорите во четири очи. Се погласни се шпекулациите дека доцнењето е поради тоа што се отвора терен и овој милионскиот бизнис да и припадне на омилената компанија на ДУИ.

Кој ќе го добие милионскиот тендер за допрва печатење на учебниците, за кои власта уверуваше  дека секој ученик ќе ги добие пред 1ви септември? Тендерот деновиве ќе бил објавен, а јавна тајна е информацијата дека меѓу фаворите е омилената фирма на ДУИ, „Арберија дизајн“ која зема стотина илјади евра за организација на рамковната журка, но и ги добивала минатите години тендерите за учебници. Опозициската ВМРО ДПМНЕ веќе неколку дена обвинува за ова.

Весна Јаневска вели дека да сакаше власта да обезбеди учебници за учениците имаа доволно време тоа да го направат, бидејќи и така наречената нова концепција веќе не е нешто ново, туку дека таа е влезена во образовниот процес веќе две години, доволно време за да се подготват учебниците за второ и петто одделение.

  • Друг силен показател на сето ова што погоре го кажав е и доделувањето на свидетелствата на учениците наместо во јуни месец, на крајот на август, непосредно пред почетокот на новата учебна година или пак на самиот прв училишен ден. За да биде уште пострашно, и учебниците се показател за ваквото неработење , па ќе си дозволам да кажам, ако можат да си дозволат да го кршат законот кој вели дека учениците треба да имаат комплет книги на први септември. Ако тие можат да си го дозволат тоа, јас ќе си дозволам да кажам дека се комплетно неспособни. Концепцијата не е од вчера. Еве го слушам министерот комисијата национална била формирана во февруари. Ама тоа е новиот состав на комисијата, комисијата имаше стар состав претходно. Да сакале, да чувствувале одговорност, тие знаеја дека две години можеа да се спремат, знаеја дека ќе им дојде први септември 2022 каде што треба да има учебници за второ и петто одделение и требаше тоа со време да си го сработат, рече Јаневска.

Јаневска додава и дека власта преспала уште една учебна година, па така ако сакала да има учебници, имале доволно време тие да се испечатат за децата од второ и петто одделение, а не, како што вели, тоа да се прави преку сомнителни тендери во четири очи.

  • Ова прашање треба да биде упатено и одговори за тоа треба да се бараат од оние што владеат и што треба да го раководат системот. Како други показатели за неспособноста, неодговорноста на власта, посебно во образовниот сектор, се показателите со доделувањето на свидетелствата за постигнатиот успех на учениците на крај на август или на први септември, наместо во јуни кака што било до пред две-три години, како и немањето на учебници за одредени одделенија и најавата за нивно печатење дури за некаде на почеток на второто полугодие, вели професорката.

Министерот за образование иако уверуваше дека сите учебници децата ќе ги имаат до пчетокот на оваа школска година, сега се правда дека ќе ги обезбеделе пред второто полугодие, откако ќе се изберела фирма што ќе ги печати. Децата од прво,второ, четврто и петто одделение наместо од учебници ќе учат од скритпи и други материјали.  

  • Оваа година се спроведени најбрзи рокови за учениците да ги добијат учебниците за шесто, седмо, осмо и деветто одделение. За прво, второ, четврто и петто одделение знае целата јавност за барањето да се вратат печатените учебници. Националниот совет за учебници е формиран во февруари и имаа повик за анонимни автори за учебниците. Некои од учебниците се веќе одобрени од Советот и тука за нив е завршена постапката. Потоа имаме постапка за економскиот оператор која сѐ уште не е завршена. За децата да немаат пропусти во образовниот процес, од БРО побаравме материјали кои се подготвени навремено. Тие се за периодот од тримесечјето, но истовремено ќе пристигнуваат учебниците, воедно ќе го продолжиме и концептот на дигитализација, изјави Шаќири.

Учебната година почна со еден куп натрупани проблеми. Покрај проблемите со сведителствата и учебниците, најголем предизвик ќе биде ударот на економската и енергетската криза.

Најголемиот страв засега е како училиштата ќе најдат пари да платат за греење со оглед на фактот што и општините немаат доволно пари за себе, така што останува можноста училниците да останат ладни за некој месец или децата да учат онлајн.

Од владата веќе кажаа дека немаат стратегија за дополнителна помош на училиштата префрлајќи ја топката во блок-дотациите што им ги дава МОН. Во меѓувреме од бомбастично најавуваните реформи од Мила Царовска наваму учениците и наставниците не видоа ништо, а образовниот систем и нататму тоне.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста