Се менуваат протоколите за дојавите за бомби, е-маил пораките веројатно ќе бидат игнорирани

Полицаец пред секое училиште, заклучени дворови, забрана за влез во училиштата за сите, освен за учениците и наставенот кадар – неофицијално, ова е дел од протоколот кој ќе го примени Владата, по рекордниот број дојави за поставени експлозивни направи, како и бурните реакции на родителите и јавноста.

Попладнево во Владата се одржал координативен состанок меѓу министрите за внатрешни, за образование, Бирото за јанва безнедност. Биле утврдени нови мерки, но детали не се соопштуваат.

Министерот за образвоание, Јетон Шаќири, уште вчера најави дека властите размислуваат да не се земаат предвид дојавите пристигнати на електронска пошта, под изговор дека маилот не е законска задолжителна комуникација помеѓу инститициите, но за тоа, последниот збор ќе го има полицијата.

Лидерот на опозицијата, пак, предупредува дека ова не е само идеја туку веќе веројатно се спроведува и тоа без никаков правилник и протокол и без да се земат предвид препораките од експртите. Христијан Мицковски, кој вели дека станува збор за епска неспособност и оти кога претседателот Пендаровски е најповикан, тој молчи.

  • „Неколку директори во училиштата во Скопје и во основните и во средните, биле посетувани од страна на припадници на министерството за внатрешни работи и биле советувани да ги игнорираат дојавите кои што стигнуваат на службените емаил адреси“ – Вели Мицковски.

Премиерот Димитар Ковачевски, пак, вели дека мора да се направи се за децата да не губат настава, но не откри ништо повеќе.

  • „И јас сум родител и се соочувам со истите проблеми во однос на школувањето на децата. Не е нешто за што не знам што се случува“ – Вели Ковачевски.

И додека Власта отвора фронт против тероизмот помеѓу училишните клупи, од средношколската организација ОДАС бараат да се реши проблемот со бомбите и властите да им излезат во пресрет на матурантите.

  • „Оваа генерација на средношколци нема една цела година со непрекината настава, а тоа директно ќе се одрази на резултатите од матурата.“ – Соопштуваат од ОДАС.

Иницијативата „Учебници и настава мора да има“ најави протест за околу 2 недели, заедно со сите родители и засегнати страни, ако надлежните институции не се справат со безбедноста во училиштата.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста